Елиф Елмас е презадоволен од првите денови како член на Лајпциг, македонскиот репрезентативец беше одлично примен од страна на соиграчите, а и повредата што го мачеше првиот ден од тренинг-кампот Ла Манга сега е минато.
Елиф тренираше со остатокот од тимот, веќе јасно ги истакнува своите квалитети на тренинзите на Лајпциг, наметнувајќи се за деби на премиерниот меч од 2023 година, дуелот на домашен терен со Ајнтрахт закажан за 13 јануари.
„Ова ми е трет ден овде, се чувствувам навистина добро. Веќе немам никаква болка, повредата е минато, тренирам со остатокот од екипата и се е одличено. Подготвен сум за деби“, порачува Елмас.
Македонскиот „дијамант“ во зимскиот преоден рок дојде во Лајпциг од редовите на Наполи, во трансфер вреден 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

