Пелистер остана без еден од своите клучни кошаркари откако американскиот интернационалец Малколм Бенрард денеска официјално беше претставен како нов кошаркар на АБА2 конкурентот, словенечкиот тим Хелиос.
Искусниот 29-годишен бек кој ја покрива и крилната позиција на 10 одиграни средби во домашното првенство бележеше просек од 14.0 поени, 6.3 скокови, 4.2 асистенции и 1.6 укадени топки по натпревар, додека на седум одиграни средби во АБА2 неговиот просек изнесуваше 15.1 поен, 5.1 скок и 5.0 асистенции по натпревар.
Бернард во просек поминуваше 29.4 минути на теренот во македонското првенство, односно 33 минути во АБА2 лигата со што неговото заминување ќе остави голема празнина во ротацијата која допрва ќе видиме дали ќе биде заменета со друг странски кошаркар или пак поголема шанса ќе добијат македонските кошаркари.
Со заминувањето на Бернард продолжуваат заминувањата на странците од Првата кошаркарска лига. Претходно првенството го напуштија и најдобрите кошаркари на Охрид и Академија ФМП, Брајнт Бернард и Омотао Огундиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА