Новак Ѓоковиќ денеска важи за најдобар тенисер на сите времиња, но добро познати се неговите тениски почетоци, поточно финансиските проблеми со кои се соочувало семејството на Новак за да му овозможи соодветни услови за тренинг и напредок.
Таткото Срѓан Ѓоковиќ жртвуваше многу во тој период од животот, но сега кога неговиот син е на врвот Срѓан се потсетува на сите оние кои му помогнале, но и кој не го сториле тоа, иако имале шанса. Така, во подкастот „Бизнис приказни“ таткото на Новак говореше за можната соработка со Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, кои одбиле да застанат зад Ѓоковиќ на почетокот од неговата кариера.
„Тоа беше времето во кое Новак беше дел од академијата на Никола Пилиќ, па Никола со својата сопруга замина на разговори со Филип Цептер, за да го спонзорираат Новак. Тој беше согласен да ги покрие трошоците на мојот син во академијата, во висина од околу 300.000 марки за четири години, што ни беше огромна помош во тоа време. Филип Цептер потоа се слушнал со Боба Живојиновиќ како поранешен тенисер, од кого добил буквално ваков одговор: Новак е добар, но има болно срце, повредена пета и татко што е невозможен за соработка. Таа приказна ми ја потврдија и Пилиќ и директорот на Цептер во Белград, по што до соработка не дојде. Имаше можност Лепа Брена и Боба да застанат зад Новак, не да дадат пари во празно, туку да инвестираат, но тие одбија. Можам да кажам дека ако прифатеа, сега ќе имаа околу 18 милиони евра“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.
На истата тема неодамна говореше и фолк-ѕвездата Лепа Брена…
„Јас не сум експерт за тенис и не знам за таков вид на понуда. Знам дека за да почнете бизнис со некого, треба да бидете пријател, да имате доверба во него, што во овој случај не беше така. Ние како семејство многу го сакаме и почитуваме Новак, како и неговото семејство. Тој е најсветол пример на прекрасен и успешен човек, му посакуваме сите негови соништа да станат јаве бидејќи го заслужува тоа“, дипломатски одговори Лепа Брена на прашањето за пропуштената соработка со семејството Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

