Играше за Црн Дрим и МЗТ Скопје 2, сега е на прагот на НБА (ВИДЕО)

Мал е бројот на кошаркари кои настапувале во македонското кошаркарско првенство, а потоа го трасирале патот до натпреварувањата во Северна Америка, но доказ дека со пожртвуваност, желба и мотив може и ова парче земја да се стигне до најголемата сцена е Маозиња Переира.

Бразилецот е добро познат во македонската кошарка каде што настапуваше во два наврати. Првиот ангажман го имаше во Црн Дрим во сезоната 2020/21, а потоа беше дел и од МЗТ Скопје 2 во сезоната 2021/22. Добрите настапи на крилниот центар го одведоа до „Џи-лигата“ каде бележи „дабл-дабл“ просек од 13.4 поени и 10.6 скокови по натпревар.

Атлетските способности и играта на двата дела од теренот го прават совршен избор за настап и во НБА лигата, а според информациите на медиумите во Соединетите американски држави овој Бразилец е мета на неколку тимови од најсилното кошаркарско првенство.

Се вчитува...