Со оглед на големиот број на врвни стопери на денешницата тешко е да се избере само еден, но за поранешниот фудбалер на Арсенал и Реал Мадрид, Месут Озил нема дилема. Тоа е германскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Антонио Рудигер.
Според Германецот со турско потекло, Антонио Рудигер кој пред две сезони се пресели од Челси во Реал Мадрид како слободен играч е на врвот на својата кареира, а неговите зборови можат да ги потврдат и едни од најдобрите напаѓачи на денешницата Ерлинг Халанд и Виктор Осимен.
„Антонио Рудигер е најдобриот светски дефанзивец во овој момент. Прашајте ги Халанд и Осимен колку е добар. Погледнете што се случи со Челси откако си замина. Секој ден им недостига неговиот менталитет“, напиша Озил на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

