Иван Хашек е изборот на Фудбалската Федерација на Чешка за нов кормилар на оваа репрезентација, неколку месеци откако беше прекината соработката со Јарослав Шилави.
Шилави изненади со одлуката самиот да си замине од кормилото на националниот тим веднаш по триумфот над Молдавија, со кој Чесите го осигураа учеството на ЕВРО 2024. Тој беше на чело на националниот тим уште од 2018 година, а челниците на федерацијата решија за негов наследник да го именуваат Хашек.
Станува збор за стратег кој ја водеше Чешка како привремен селектор на пет натпревари во периодот во 2009 и во 2010 година. Потоа тој работеше во клубови во Катар и во Саудиска Арабија, а последниот ангажман му беше како селектор на Либан.
Хашек потпиша договор до ноември 2025 година, со клаузула со која ќе ја води Чешка и на СП 2026 ако оваа селекција успее да стигне до мундијалска виза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

