Огромен допинг-скандал е на повидок во Шпанија откако беа обелоденети информации дека Шпанската агенција за борба против допингот намерно избегнувала казнување на познати шпански спортисти, кои во последните пет години имале позитивни резултати при тестирањето.
Светската агенција ВАДА преку соопштение потврди дека е свесна за овие пропусти, за што ќе бара одговорност во шпанската агенција. Според информациите, во оваа земја биле користени најразлични методи на поништување на позитивните тестови, при што најчест изговор бил несоодветен протокол на тестирање, по што позитивните тестови не биле земани во предвид и допингуваните спортисти не биле суспендирани согласно правилата.
Едно од најзвучните имиња кои се појавува во скандалот е долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос и неговото добивање да направи допинг тест веднаш по мечот со Малага одигран во 2018 година. Тој и лекарот на Реал инсистирале тест да не биде направен додека Рамос најпрвин не се истушира, со што е строго прекршено правилото тестирањето да се изврши веднаш по натпреварот.
Согласно пророколите, секое одложување или одбивање се третира како позитивен тест на спортистот, за што следи пропишана казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

