Стојанче Стоилов и Дејан Манасков низ годините многу пати носеа радост на навивачите во СЦ „Борис Трајковски“, со важни голови цо дресот на македонската репрезентација.
Вечерва, тие се дел од публиката, давајќи им поддршка на македонските ракометари на дуелот со Грција, претпоследна контрола за ЕП 2024 во Германија.
Стоилов летово ја заврши извонредната играчка кариера, по што се пресели во стручниот штаб на Вардар. Манасков пак замина од Вардар, се уште е во потрага по нов клуб, но засега нема потпишано за нов ангажман за продолжување на успешната кариера што ја имаше низ годините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА