Елмас: Сакам да играм како десетка, но можам да покријам на секоја позиција во средниот ред

Елиф Елмас е презадоволен од првите денови како член на Лајпциг, македонскиот репрезентативец беше одлично примен од страна на соиграчите, а и повредата што го мачеше првиот ден од тренинг-кампот Ла Манга сега е минато.

Во мини интервју за сајтот на бундеслигашот, популарниот „дијамант“ вели дека сака да игра како десетка, но дека може одлично да се снајде на секоја позиција во средниот ред.

„Тоа е голема промена, сè се движеше толку брзо. Сепак, среќен сум што сум тука. Се приклучив на добар тим кој има многу квалитет. РБ Лајпциг е голем клуб во Германија. Ми се допаѓа како развиваат млади таленти овде. Имам 24 години, па затоа сè уште можам да се подобрам. Тука е вистинското место да го направам токму тоа. Секако, сè е многу ново, но беше убаво да се излезе на теренот со момчињата и стручниот штаб. Марко Розе е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сакам да играм како десетка, но можам да играм секаде во средниот ред. Ќе се преселам во Лајпциг со моето семејство. Моите родители и браќата и сестрите ќе дојдат со мене. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Ми даде неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот, бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам“, изјави Елмас. 

Се вчитува...