Билбао ја совлада Севилја и ги мина Барса и Атлетико на табелата во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетик Билбао продолжуваат со одличните партии сезонава во шпанска Ла лига откако вечерва во меч од 19. коло славеа на гостински терен кај Севилја на „Санчез Писхуан“ со 0-2.

Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Весга во 30. минута од натпреварот. Конечните 0-2 беа дело на Паредес во 76. минута. Со овој триумф Билбао ги помина Барселона и Атлетико Мадрид на првенствената табела и изби на третата позиција веднаш зад Реал Мадрид и Жирона.

Sevilla 0-2 Athletic Bilbao – Aitor Paredes 76'
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...