Рекордна парична награда за победникот на Купот на африканските нации

Победникот на фудбалскиот Куп на африканските нации 2024 ќе добие рекордна парична награда од седум милиони долар, соопшто Африканската фудбалска конфедерација.

Ова е за 40% повеќе од тоа што го доби Сенегал кога победи на шампионатот 2022 година во Камерун.

Второпласираната селекција ќе добие 4 милиони долари, а третиот и четвртиот на турнирот ќе заработат по 2,5 милиони долари.

На Купот на африканските нации ќе учествуваат 24 земји, вклучувајќи го и домаќинот и плус Египет. Ќе се одржува од 13. јануари до 11. февруари во Брегот на слоновата коска.

Се вчитува...