Чави го извади Левандовски од игра, па порача: „Во мое друштво никој не е недопирлив“

Барселона помалку среќно со многу мака и гол од пенал во последната минута дојде до синоќешната победа од 1-2 на гостувањето против Лас Палмас.

А, во завршницата од мечот кога Барса бркаше победа играше без Роберт Левандовски кој во 72. минута беше заменет од Жоао Феликс. Полскиот напаѓач имаше слаб настап со само два удари на мечот, а во последните 13 кола во шпанската лига постигна само три гола.

„Го заменив Левандовски затоа што ни требаа напаѓачи ко може да напаѓаат зад одбраната, како што се Витор Роке и Феран Торес. Беше ова меч за играчи како Жоао Феликс, Рафиња и Ламине Џамал, а помалку за Роберт“ – објасни Чави по мечот и дополни на прашањето дека ретко може да се види Левандовски да биде заменет:

„Зошто изненадување? Така е од првиот ден кога дојдоа тука. Ништо не е променето. Кај мене нема недопирливи“.

Актуелниот шампион на Шпанија во моментов е трет на табелата со 41 бода по 19 кола, додека водечкиот Реал има 48 бода, колку и второпласираната Џирона.

Се вчитува...