Миовски е во тимот на полусезоната во Шкотска, според легендата на шкотскиот фудбал (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се најде во тимот на сезоната, според досегашниот дел од шампионатот во Премиерлигата на Шкотска, во изборот на легендата на шкотскиот фудбал и поранешен репрезентативец Крис Бојд.

Во Шкотска заврши првиот дел од сезоната, а вториот почнува на 27. јануари, па сега се актуелни анализите на досега одиграното првенство.

Крис Бојд, без размислување, го смести Миовски во најдобрите 11 на првиот дел од сезоната, во својата формација од 4-4-2.

Македонскиот офанзивец досега има 9 гола во дресот на Абердин и е на третото место на листата на најдобрите стрелци во Шкотска. Миовски е единствениот фудбалер од Абердин во идеалниот тим, а сите останати во изборот се од редовите на најдобропласираните три екипи, Селтик, Глазгов Ренџерс и Хартс.

Се вчитува...