Поранешниот јужноафрикански параолимписки шампион Оскар Писториус денеска беше ослободен од затвор на условна слобода, по речиси 11 години откако ја уби својата девојка.
„Како и другите лица на условна слобода, на Писториус не му е дозволено да дава интервјуа за медиумите. Фактот што Писториус и е познат на пошироката јавност не го прави различен од другите притвореници и не оправдува посебен третман“, се вели во соопштението од судот.
Оскар Писториус (37) доби условна слобода на крајот на ноември по што е пуштен од затвор во предградието на Преторија. На новинарите присутни пред затворот не им се даде можност да го фотографираат или снимаат Писториус, по претходното предупредување од управата на затворот.

На 14. февруари 2013 година, во својот дом во Преторија, Писториус ја застрела својата девојка Рива Стенкамп преку затворена врата од бањата, бидејќи мислел дека има провалник во куќата. Обвинителите тврдеа дека 29-годишната манекенка и реалити ѕвезда по расправија втрчала во бањата, а Писториус ја убил во напад на бес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

