Фирмино се враќа во Премиерлигата, Алиоски останува во Ал Ахли

Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино сосема извесно месецов ја напушта Саудиска Арабија и ќе се врати во Премиерлигата. Сето тоа, пак, значи дека македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и дефинитивно останува во Ал Ахли.

Претходно постојани беа шпекулациите дека Алиоски ќе се врати во Швајцарија, или дека ќе оди во Турција, но тој претходно побара од клубот да остане во Ал Ахли и да биде регистриран за настап. Сега, по најавеното заминување на Фирмино, тренерот Матијас Џесли веќе донел одлука за останување на Алиоски.

Според последните информации, покрај Шефилд јунајтед, сега и Фулам е заинтересиран за услугите на Фирмино кој им е неопходен во битката за опстанок.

Се вчитува...