Екипата на Кардиф, која се натпреварува во англиската Чемпионшип лига, се интересира за македонскиот интернационалец Енис Барди. Барди оваа зима најверојатно ќе го напушти Трабзонспор, со оглед дека се појавуваат информации дека е ставен на трансфер листа од турскиот клуб.
Тренер на Кардиф е турскиот менаџер Ерол Булут. Барди би заминал во Кардиф како позајмен до крајот на сезоната, а не е познато дали потоа ќе има задолжителен откуп на договорот.
Неколку пати во текот на изминатите месеци се шпекулира со заминување на Барди. Последен заинтересиран беше Унион Берлин, кој е предводен од неговиот екс тренер Ненад Бјелица, меѓутоа од тој трансфер веројатно ќе нема ништо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

