Барселона го промовираше големиот бразилски талент

Иако вчера ги одигра првите минути во дресот на Барселона, каталонскиот клуб денеска го промовираше Витор Роке за нов играч на клубот.

18-годишниот Бразилец доаѓа од Атлетико Паранензе, и веднаш се гледа дека Барселона во своите редови добива талентиран играч со брзина и големо засилување во нападот.

Роке потпиша договор до 2031 година, со откупна клаузула од 500 милиони евра.

Се вчитува...