Јетон Беќири после 6,5 години се врати на кормилото на Шкендија. Последен пат го водеше тетовскиот тим од декември 2016 до јуни 2017 година.
Беќири денеска беше промовиран во нов шеф на стручниот штаб на тетовскиот тим, откако и во минатото неколку пати работеше со овој тим и како асистент, и како прв тренер.
Тој ветува дека Шкендија ќе игра агресивно и напаѓачки, но не дава никакви ветувања кога станува збор за шампионската титула.
„Да се биде тренер на Шкендија секогаш е задоволство и привилегија, но истовремено и одговорност и мој личен предизвик. Благодарност до раководството за укажаната доверба“, вели Беќири и додава:
„Не сакам ништо да ветам околу пласманот на крајот од сезоната, но можам да ветам многу напорно и максимално. Верувам дека ќе ја имаме поддршката од навивачите кон остварување на нашата цел. Во тешки ситуации „Балистите“ покажувале дека се голема поддршка. Шкенидја е голем клуб, и тоа треба да го потврдиме. Фудбалски ќе бидеме напаѓачки, поофанзивно од нормалното, но нема да биде воопшто лесно поради моменталната ситауција на табелата. ништо не е невозможно. Во игра се 45 бодови од 15 натпревари. Очекувам фудбалерите да бидат мотивирани и да работат напорно. Се надевам дека и во овој преоден рок ќе донесеме неколку играчи со кои ќе ја зголемиме конкуренцијата. Морам да бидам многу резервиран и внимателен околуи титулата, затоа што најпрво треба добро да се подготвиме и да видиме како ќе помине подготвителниот период. Верувам дека со добра подготвеност, тактика и мотивираност имаме големи шанси да завршиме на првото место“, рече Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

