Нов проблем за Анчелоти, се повреди уште еден играч на Реал Мадрид

Нема крај на проблемите со повреди на Реал Мадрид оваа сезона. Откако претходно останаа без услугите на Милитао, Алаба, Куртоа и Камавинга, сега големи проблеми на Карло Анчелоти му прави повреда на уште еден играч од одбраната.

Станува збор за десниот бек Лукас Васкез кој се повреди, и прогнозите се дека ќе паузира до крајот на јануари.

Иако има големи проблеми во дефанзивата, Карло Анчелоти најави дека неговиот тим нема да ангажира одбранбен играч во овој преоден рок.

Добра околност во целата ситуација е фактот што Реал Мадрид нема да загуби ниту еден играч поради настапите на Африканскиот куп на Нации.

Се вчитува...