Надал пропушти три меч топки, па доживеа елиминација од Бризбејн

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, доживеа шокантна елиминација во полуфиналето на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија. Од него подобар беше домашниот тенисер Џордан Томпсон кој после два часа голема борба, успеа да го совлада со 5-7, 7-6 и 6-3.

Рафа веднаш во првиот сет претрпе брејк, но веднаш врати и го доби сетот. Во вториот сет имаше меч топка кога беше 5-4, но ја промаши, и стигна до драматичен тај брејк.

Шпанецот поведе 3-0, а потоа и на 6-4 промаши зицер. Потоа Австралиецот спаси трета меч топка и на крајот стигна до пресврт и до конечна победа.

Се вчитува...