Отпишаната англиска ѕвезда е трансфер цел на Баерн Минхен

Баерн Минхен се уште во потрага по стопер кој би се вклопил во ротацијата. По неколку неуспешни преговори Томас Тухел сега има нова трансфер цел, а изборот е отпишаната англиска ѕвезда Ерик Дајер, пренесуваат германските медиуми.

Дваесетидеветгодишниот англиски репрезентативец е под договор со Тотенхем, но не добива шанса во тимот на Анже Постекоглу. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а премиерлигашот нема намера да го продолжи истиот па со цел да му искочи во пресрет ќе му дозволи да замине на позајмица во германскиот великан.

Дајер професионалната кариера ја започна во Спортинг, а е дел од Тотенхем од 2014 година. Досега настапи на повеќе од 360 натпревари за „петлите“ па со искуството се очекува да биде од голема помош за Баерн Минхен.

Се вчитува...