Играше со Модриќ, Роналдињо, Кака, Роналдо, Бејл… сега го одбра најдобриот од нив

Поранешниот бразилски голман Хеурељо Гомес кој во богатата кариера имаше шанса да игра со едни од најдобрите фудбалери во историјата, во разговор на подкастот „talkSport“ говореше на повеќе теми, а даде и одговор на прашањето кој е за него најдобриот фудбалер со кој го делел теренот.

Гомес во Тотенхем имаше шанса да игра заедно со Лука Модриќ и Герет Бејл, во репрезентацијата на Бразил соблекувалната ја делеше со имиња како Роналдо, Кака, Роналдињо, Роберто Карлос, Адријано…

„Не е фер да изберам само еден играч, но сепак ќе речам дека тоа е Роналдињо. Беше неверојатен. Посебно ме импресираа неговите слободни удари, постигнуваше голови и над и под „живиот ѕид“. Чудесен беше и Модриќ. Знаете какви додавања има. Само дајте му ја топката и тој може да ја чува вечно. Ако не знаш што да направиш, додај му на Модриќ, тој ќе знае“, изјави Гомес.

Се вчитува...