Летонски напаѓач го засилува Тиквеш

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш ќе се засили со летонскиот фудбалер Артјомс Пужиревскис потврдија од неговиот матичен клуб.

Станува збор за 20-годишен летонски фудбалер кој настапува на крилните позиции во нападот. Тој во Кавадарци доаѓа од редовите на летонска Мета каде што играше во оваа полусезона, а исто така потекнува од овој клуб.

Тиквеш за задача во вториот дел од сезоната во ПМФЛ ќе има да обезбеди опстанок.

 

Се вчитува...