Главоболка за Чави: Кансело го повреди коленото

Барселона со многу проблеми славеше на гостувањето против Лас Палмас, меч на кој каталонскиот гигант остана без уште еден стандарден првотимец. Десниот бек Кансело на самиот почеток заработи незгодна повреда на коленото и мораше да биде заменет по само десетина минути, за нова главоболка на тренерот Чави.

За среќа, деталните прегледи покажаа дека повредата не е премногу сериозна. Станува збор за проблем со лигаментите во коленото, но само за истегнување кое не е премногу сериозно. Тренерот на Барселона нема да може да смета на услугите на офанзивниот бек за претстојната завршница од Супер-купот на Шпанија, што дефинитивно ќе биде голем проблем за Барса во атакот на тој трофеј.

Сепак, доколку не дојде до посериозни компликации, паузата ќе изнесува помалку од две седмици, па Кансело според првите информации на каталонските медиуми би можел да се врати за наредниот меч од Ла Лига, против Бетис закажан за 21 јануари.

Се вчитува...