Анчелоти им го расипа планот: Бразилците го отпуштија привремениот селектор

Бразил повторно е во потрага по селектор за фудбалската репрезентација откако денеска му беше врачен отказ на Фернандо Диниз, кормиларот под чие водство „кариоките“ имаа разочарувачки резултати, три порази на шест натпревари со овој селектор на клупата.

Диниз секако беше ангажиран како привремено решение, тој потпиша договор на 4 јули 2023 година и требаше да седи на клупата една година, „чувајќи“ ја ова функција за Карло Анчелоти. Трофејниот италијански стратег долго време „флертуваше“ со „кариоките“, за на крајот да потпише нов договор со Реал Мадрид, разочарувајќи го Бразилците кои сега ќе мора одново да почнат потрата по врвен стручњак кој би ја водел оваа селекција на СП 2026.

По пропаднатите преговори со странски стручњак, Бразилците повторно ќе разговараат само со домашни стратези. Фаворит на федерацијата е актуелниот тренер на Сао Пауло, Доривал Жуниор, кој со себе би го довел и поранешниот репрезентативец Филипе Луис како нов координатор на репрезентациите на Бразил.

Се вчитува...