Асвел никако не успева да се стабилизира на резултатски план, што е причина сопственикот Тони Паркер да се реши за нова тренерска смена, втора во само неколку месеци колку што трае оваа натпреварувачка сезона.
Паркер неодамна го отпушти својот брат од тренерската функција, носејќи го за нов кормилар Џанмкаро Поцеко. Италијанскиот селектор требаше со својот темперамент да го разбуди францускиот тим, но тоа не се случи, Асвел продолжи да тоне резултатски, а Поцеко влезе во конфликт со дел од кошаркарите. Сето ова придонесе, и покрај синоќешниот домашен триумф над Жалгирис на Поцеко да му биде врачен отказ. Асвел нема да бара нов главен тренер до крајот на сезонава, туку таа улога ќе му биде доделена на Пјерик Пупе, кој беше дел од стручниот штаб и на Паркер и на Поцеко.
Воедно, францускиот тим планира да го засили и играчкиот кадар, потпишувајќи договор со Дешон Томас кој си замина од Хувентуд. Томас би дошол во Асвел на местото на Егбуну, кој не ги оправда очекувањата на раководството на овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА