Фудбалскиот свет во тага: Почина легендарниот Марио Загало

Легендарниот Марио Загало почина на 92-годишна возраст. Бразилецот е еден од тројцата во историјата кои станале светски прваци и како играч и како тренер. Другите двајца се Франц Бекенбауер и Дидие Дешамп.

Загало два пати ја освојуваше титулата како фудбалер, во 1958 и 1962, а потоа во 1970 и како тренер на бразилскиот национален тим, кој според многумина е најдобриот во историјата.

Загало има учество и во четврта титула на „селесао“ откако во 1994 година беше помошник тренер и координатор на селекцијата, која стана првак во 1994 година.

Како фудбалер играше само за Фламенго и Ботафого, и има пет шампионски титулу во првенството на Бразил.

Се вчитува...