Јувентус зимава би можел да добие екстра засилување во одбраната на својот тим, и тоа да го плати само 3 милиони евра. Станува збор за дефанзивецот на Лил, Тиаго Џало кој зимава ќе има нов клуб. Покрај Јувентус, за него има интерес и од миланските гиганти, меѓутоа тимот од Торино е најконкретен во преговорите и понуди отштета од три милиони евра, додека Интер сака да го ангажира бесплатно на лето.
Џало има договор до крајот на сезоната, и јануари е последен рок Лил да заработи нешто. Јувентус има проблеми со одбраната сезонава, а португалскиот стопер им бил добродојден. Џало има 23 години и игра на сите позиции во одбраната, но главна му е стоперската.
Џало има настапи за младинските селекции на Португалија, а беше дел и од младинските категории на Милан и Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА