Вернер се враќа во Премиерлигата, ќе игра повторно за лондонски клуб?

Германскиот фудбалер Тимо Вернер, е многу блиску во јануарскиот преоден рок да се врати во Премиерлигата. Напаѓачот во минатото беше дел од Челси, сега би направил „кам-бек“ во Лондон, но во тимот на Тотенхем, јавува „Скај Германија“.

Вердер беше дел од Челси од 2020 до 2022 година, а потоа одново се врати во Лајпциг, каде што не е оној стариот, па токму од тука Лајпциг сака да се ослободи од него.

Тотенхем го сака на позајмица, да биде алтернатива за Ришарлисон кој сезонава игра во одлична форма во дреост на лондонските „бели“.

Се вчитува...