Ѓоко Зајков се врати на тренинзите на Универзитатеа

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков почетокот на годината ја дочека со добра вест. Стоперот се врати на тренинзите на својот тим Универзитатеа Крајова, после тешката повреда на вратот заработена на дуелот со Малта во октомври во рамките на квалификациите.

Зајков во вториот дел од средбата во Малта се судри со еден противнички играч, при што мораше да претрпи и оперативен зафат.

На македонскиот дефанзивец сега му останува да се подготви за предизвиците за својот клуб, а тоа значи дека ќе биде подготвен и за натпреварите на македонската репрезентација, која до ЕП 2024 година ќе одигра неколку тест средби. Една од нив е веќе закажана, против Хрватска во Ријека.

Се вчитува...