Марко Одермат победи на велеслаломот во швајцарски Аделбоден, пред Норвежанецот Александар Амодт Килде и хрватскиот скијач Филип Зубчиќ, и тоа после неверојатен расплет. Хрватот Зубчиќ после првото возење беше на 12. позиција, и на крајот успеа да направи чудо и да стигне до пиедесталот.
Швајцарецот имаше одлична трка, откако беше најбрз и во првата трка и во втората. Втор заврши Килде со заостанување од 1,26 секунди, додека Хрватот беше 1,77 секунди зад првопласираниот.
Густиот снег и маглата на горниот дел на патеката го расипаа малку впечатокот во швајцарскиот скиајчки центар, а поради лошите временски услови, стартот беше спуштен.
Одермат и натаму е во одлична форма, и дојде до четвртата победа во четвртиот велеслалом сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА