Елмас не е во комбинација за првиот меч на Лајпциг во 2024

Екипата на Лајциг денеска го игра првиот натпревар во 2024 година против Сент Гален. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас не е во комбинација за настап. Го нема Македонецот ниту во првите 11, ниту на клупата за резерви, а причината е непозната. Елмас тренираше со тимот уште од стартот на подготовките на екипата.

Македонскиот репрезентативец во последните денови од 2023 година го комплетираше трансферот во Лајпциг од Наполи, за кој италијанскиот тим доби 25 милиони евра.

Во комбинација за настап не е ниту Тимо Вернер, а од тимот соопштија дека не дел од екипата поради тоа што преговараат со друг клуб за негово заминување.

Се вчитува...