Легендарниот Црногорец го напушта Атлетико и се сели во Истанбул

Црногорскиот стопер Стефан Савиќ, ќе го напушти тимот на Атлетико Мадрид после осум години играње во овој клуб. Поранешниот игрч на Партизан, Манчестер Сити и Фиорентина, оваа сезона е во втор план кај Диего Симеоне, и затоа размислува да го напушти клубот.

Фенербахче е екипата која се интересира за Црногорецот, а трансферот би можел да се оствари уште оваа зима. Атлетико наводно е подготвен да го пушти играчот без никакво обесштетување.

Турските медиуми пишуваат дека Фенер е подготвен да му понуди на Савиќ тригодишен договор, со плата од 3,5 милиони евра по сезона. Во целата зделка посредник е играчот на Фенербахче, Един Џеко кој наводно добил дозвола од својот клуб да го убедува Савиќ да пристигне во Турција.

Се вчитува...