Атлетико Мадрид имаше мали проблеми да го мине тимот на Луго во 1/16 финалето на Купот на Шпанија. Четата на Диего Симеоне мораше во последните 25 минути да го крши отпорот на домаќинот, откако до 66. минута беше 1-1.
Кореа во 2. минута донесе предност за Атлети, а Антонети израмни во 39 за 1-1 на полувреме.
Во вториот дел „заборавениот“ Депај со два гола го реши победникот, и му донесе на тимот на „јорганџиите“ пласман во најдобрите 16 на Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

