Анчелоти: Белингем е најдобар играч на светот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше пофални зборови за својот играч од средниот ред, Џуд Белингем. За него кажа дека е најдобар на светот, на истиот ден кога беше прогласен и за најскап фудбалер од страна на ЦИЕС.

Анчелоти сето тоа го прокоментира со тоа што кажа дека нема подобар играч од него.

„Белингем игра многу добро. Го одигра одлично првиот дел од сезоната. Многу брзо се прилагоди на играта, културата, јазикот. Очигледно е дека станува збор за најдобриот играч на светот“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...