Екипата на Рома го донесе посакуваното засилување од Јувентус. Станува збор за Дин Хајсен, 18-годишен фудбалер кој досега беше дел од Јувентус.
Холанѓанецот ќе треба да ја пополнува дупката во одбраната на „волчицата“ по повредите на Смолинг и на Кумбула, и отсуството на Ндика на Африканскиот Куп на Нации.
„Веднаш сум импресиониран од тоа како сум примен. Не беше тешко да ја одберам Рома. Доаѓам во одличен клуб со одличен тренер и имам привилегија да ја делам соблекувалната со некои силни играчи. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме целите“, изјави Хајсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА