Лаутаро Мартинез веројатно ќе остане дел од Интер уште многу години, откако и самиот призна дека е блиску до нов договор со „росонерите“. Лаутаро после мечот со Верона кажа дека во тек се преговорите за нова соработка, и дека само прашање на време е кога ќе потпише нов договор.
Аргентинецот е дел од Интер од 2018 година, кога дојде од Расинг, а се наметна како еден од најдобрите играчи. Годинава ја има и капитенската лента.
„Блиску сум до потпишување на нов договор тука во Интер. Преговорите се во тек и во напредна фаза. Само прашање на време е кога ќе потпишеме“, рече Лаутаро Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА