Динамо Букурешт му посака добродојде на Дарко Велковски

Сега и официјално. Дарко Велковски после шест месеци без клуб, продолжува во Романија, во тимот на Динамо Букурешт. Романскиот тим и официјално го промовираше македонскиот репрезентативец за нов член.

Последен клуб на Велковски му беше Ал Етифак, но откако раскина со овој клуб, тренираше со Работнички и бараше ангажман. И покрај тоа што имаше неколку понуди, сепак, остана без ангажман во првиот дел од сезоната.

Со Велковски, Динамо Букурешт ќе се обиде да избори опстанок во првенството. Во моментов тимот е на претпоследното место со 16 бодови, или четири повеќе од Ботошани, и седум помалку од Поли Јаши.

Се вчитува...