Алавес го елиминираше Бетис од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Екипата на Бетис, еден од тимовите со високи амбиции кога станува збор за Купот на Шпанија, и освојувач на овој трофеј во 2022 година, е елиминиран од годинашното издание на ова натпреварување.

Вечерва фудбалерите на Бетис загубија на гостувањето кај Алавес со 1-0. Стрелец на голот беше Бенавидез во 57. минута од средбата, и со тоа „зелено-белите“ останаа со празни раце во ова натпреварување.

Освен Алавес, пласман во 1/8 финалето обезбедија Рајо Валјекано, Атлетико Мадрид, Жирона и Гетафе.

Се вчитува...