Реал Мадрид во вториот дел го „скрши“ четвртолигашот во Купот (ВИДЕО)

И без своите најголеми ѕвезди Крос, Модриќ, Белингем, Винициус…, Реал Мадрид очекувано славеше на теренот на четвртолигашот Арандина со 1-3, и се пласираше во 1/8 финалето на Купот на Шпанија.

Меѓутоа „кралевите“ се мачеа цели 54 минути, па потоа постигнаа два гола за една минута. Најпрво од пенал погоди Хозелу, а потоа Диаз од игра за да го зголеми водството.

Во последните мигови од средбата Родриго зголеми на 0-3, а домашнито тим се израдува на еден гол откако Начо си постигна автогол за конечни 1-3. Покрај Реал Мадрид, во 1/8 финалето се пласираа и Рајо Валјекано, Атлетико Мадрид, Гетафе, Жирона и Алавес.

На овој меч шанса за настап доби и турскиот вундеркинд Арда Гулер, кој го напушти теренот во вториот дел.

Се вчитува...