Турчинот Исмаил Аталан е нов тренер на Гостивар. Станува збор за целосен анонимус на овие простори, а најзучен тим кој го водел му бил германски Бохум во 2017 година.
Се задржува кратко на клупата на овој тим, само 10 месеци. Покрај Бохум, ги водеше и нисколигашите Лоте, Халешер и Роланд. Последен ангажман му е помошник во Аланијаспор.
Досега Гостивар го водеше Муарем Муарем.
Гостивар е четвртиот тим во ПМФЛ кој менува тренер во зимската пауза. Тренери сменија и Шкендија, Силекс и Вардар. На Шкендија беше назначен Јетон Беќири, на Вардар Горазд Михаилов, а на Силекс нов тренер стана Александар Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

