Готово е: Тимо Вернер се сели во Тотенхем

Тимо Вернер и дефинитивно се враќа назад во Премиер-лигата, каде ќе се обиде да го поправи впечатокот по катастрофалните изданија што ги имаше во дресот на Челси. Тотенхем ќе биде новиот клуб на германскиот голгетер, откако „спарси“ експресно ги завршија преговорите со Лајпциг за да го доведат Вернер во своите редови, како одговор на кризата со неколкуте повредени офанзивни играчи и отсуството на Сон, кој отпатува на Купот на Азија со селекцијата на Јужна Кореја.

Вернер неочекувано беше закован на клупата за резерви од стартот на сезонава во Лајпциг, откако тренерот му даде целосна слобода на Опенда, јасно ставајќи до знаење дека нема да смета на поранешниот капитен, кој во меѓувреме го загуби и местото во германската репрезентација. Како можна дестинација се споменуваше и Манчестер Јунајтед, но Тотенхем реагираше експресно, па за помалку од 24 часа беа договорени сите детали.

За утре се закажни деталните лекарски прегледи, по што Вернер и официјално ќе го потпише договорот со „спарси“ и ќе му се стави на располагање на тренерот Постекоглу. Германецот ќе дебитира за Тотенхем на гостувањето против Манчестер Јунајтед закажано за следниот викенд, а во договорот за позајмица меѓу клубовите има клаузула со која „спарси“ можат целосно да го откупат Вернер од Лајпциг за сума од 18 милиони евра.

Се вчитува...