Григор Димитров ја потврди одличната форма на стартот од 2024 година откако бугарскиот тенисер стигна до пехарот на АТП250 турнирот во Бризбејн, во финалето совладувајќи го Холгер Руне со 2-0 во сетови. Ова е прв трофеј на Димитров уште од 2017 кога, кога овој тенисер ги изненади фаворитите и се закити со пехарот на АТП-завршниот турнир.
Првиот сет со Руне го одбележа максимално израмнета борба, во која Димитров беше поумешен во тајбрејкот, добивајќи го со 7-5 откако ја искористи својата трета сет-топка.
Руне ја загуби сигурноста во играта, а 32-годишниот бугарски тенисер знаеше како да го искористи тоа, при 3-3 направи брејк и си го трасираше патот до победата, изразена со конечните 6-4.
За Григор Димитров ова беше деветта титула во 18. финале во кариерата, добра увертира пред настапот на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

