Тениската репрезентација на Германија триумфираше на „Јунајтед купот“ откако во големото финале славеше над селекцијатана Полска со 2-1 во победи. Улогата на херој му припадна на Александар Зверев, кој забележа сингл-победа, а потоа учествуваше и во клучниот дубл-триумф на својата репрезентација.
Полска прва поведе со 1-0 откако Швијонтек во женскиот сингл ја декласираше Кербер со 6-3, 6-0. Германија одговори преку Зверев, кој триумфираше по голема борба над Хуберт Хуркач со 2-1 во сетови (6-7, 7-6, 6-4).
Решавачки беше дубл-дуелот од финалето, во кој Зверев и Зигемунд по голема борба ги совладаа Швијонтек и Хуркач со 6-4, 5-7, 10-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

