Де Бруине се врати на теренот, и веднаш со магична асистенција… (видео)

Манчестер Сити лесно и убедливо славеше на куп-пресметката со Хадерсфилд, а фановите на европскиот шампион сигурно се најрадосни што конечно го дочекаа камбекот на Кевин де Бруине.

Белгискиот ас беше во аут од самиот старт на сезоната, но успеа да ги надмине сите проблеми и денеска конечно се врати во тимот, влегувајќи во игра во второто полувреме.

Не требаше да мине многу време за првиот маестрален потег на белгискиот генијалец, кој со генијална асистенција го проигра Доку, за петтиот гол на Сити и водство на „граѓаните“ од 5-0.

Се вчитува...