Сантош ќе го буди заспаниот „турски џин“

Фернандо Сантош по завршувањето на СП во Катар си замина од клупата на Португалија и најде нов ангажман, но не се прослави ниту како селектор на Полска.

Сепак, поранешниот португалски селектор нема да биде долго без работа откако денеска потпиша договор со екипата на Бешикташ. Турскиот гигант се наоѓа во очајна форма, во последните четири кола претрпе три порази и заостанува огромни 18 бода зад водечките Фенербахче и Галатасарај.

„Црно-белите“ од Истанбул преговараа и со Оле Гунар Солскјер, се чинеше дека се пред потпис со Џовани ван Бронкхорст, но вечерва изненадувачи обелоденија дека Сантош е изборот за нов тренер.

Се вчитува...