Резултатите на Рома се предалеку од очекувањата на навивачите на овој тим, а „волчицата“ и вечерва разочара на домашен терен, ремизирајќи 1-1 на „Олимпико“ против Аталанта.
Мурињо и неговите избраници се надеваа дека со триумф вечерва ќе ја прескокнат Аталанта на табелата, но не успеаја да стигнат до цел плен. Португалецот беше видно нервозен, па во судиското продолжение заработи и нов црвен картон, откако протестираше за еден недосуден прекршок откако Лукаку остана да лежи на тревата.
Аталанта неочекувано прва поведе, откако Копмајнерс натрча и мајсторски биеше со глава на асистенција на Миранчук. Де Кетеларе иаше одлична шанса за 0-2, но шутираше непрецизно, а Рома почна се повеќе да притиска кон противничкиот гол. Домаќините промашија неколку шанси пред конечно да израмнат, со пеналот на Пауло Дибала откако Карсдорп беше фаулиран во шеснаесетникот на Аталанта.
Првото полувреме беше супер-драматично, но во вториот дел темпото опадна, најубавите две шанси ги имаше Лукаку во последните десетина минути, но белгискиот голгетер два пати биеше непрецизно, па Рома мораше да се задоволи само со еден бод.
Аталанта се наоѓа на 6. место со 30 бода, еден повеќе во однос на Рома која остана на осмата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА