Барса ја мина првата пречка во Копа дел реј

Барселона ја мина првата пречка во шпанскиот Копа дел реј откако каталонскиот гигант вечерва славеше на гостувањето против Барбастро со 2-3. Резултатот е минимален, но Барса го контролираше текот на мечот, поведувајќи со 0-1 преку Ферман Лопез, а потоа и со 0-2 со голот на Рафиња. Домаќинот кој е дел од четвртата шпанска лига успеа да намали на 1-2, но Барселона одговори со трет гол, дело на Левандовски од пенал. Барбастро доби пенал и намали на 2-3 во судиското продолжение, но домаќините немаа ниту една шанса во самата завршница да постигнат и трет гол, па каталонскиот гигант рутински се пласираше во следната фаза од кралскиот куп.

Валенсија дури по продолженијата го скрши отпорот на домаќинот Картагена, славејќи со 1-2 со голот што го постигна Хозе Гаја во 106. минута од натпреварот.

Еден гол беше доволен за Реал Сосиедад да слави на гостувањето против Малага, дело на Зубиелда на почетокот од второто полувреме. Пласман во следната рунда обезбедија и Севилја со триумфот над Ферол од 1-2, Мајорка со победата од 0-3 над Бургос, Селта со рутинската победа од 2-4 над Аморебиета…

Се вчитува...