По неуспешниот обид за ангажман на Карло Анчелоти раководството на бразилската федерација се сврте кон домашните стратези, а изборот падна на искусниот 61-годишен тренер Доривал Џуниор.
Тренерот кој целата своја кариера ја помина во бразилските клубови и промени 25 работни места последниот ангажман во имаше во Сао Пауло од каде веќе и го потврдија неговиот премин во репрезентацијата по откупување на договорот кој се претпоставува дека е во вредност од 800 илјади евра.
„Ми се оствари сонот кој е возможен само поради признанието за добро завршената задача во Сао Пауло. Затоа морам да ви се заблагодарам за тоа што бевте дел од овој важен дел од мојата кариера“, изјави Доривал Џуниор меѓудругото за клупскиот сајт.
Доривал Џуниор на клупата на Бразил ќе го наследи Фернандо Диниз кој минатата година беше назначен за привремен селектор, а и покрај тоа што имаше договор до јуни, доби отказ поради лошите резултати проследни со пет порази, три победи и едно реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

