Фудбалер за Лидс постигна гол вреден „Пушкаш“ номинација (ВИДЕО)

Лидс Јунајтед ги потврди очекувањата и славеше со убедливи 3-0 на гостувањето кај Петербороу во ФА Купот во натпревар кој го одбележа Патрик Бамфорд.

Искусниот 30-годишен Англичанец прво асистираше за предност на својот тим, а на отварањето на второто полувреме и ја зголеми предноста на 2-0 со гол кој мора да добие номинација за наградата „Пушкаш“. Напаѓачот одлично ја смири долгата топка на гради, се сврте кон противничкиот гол и со волеј го совлада противничкиот голман.

Се вчитува...